Чешмеџиев од тетовска Шкендија во босанскиот Вележ

фото: fkvelez.ba

Константин Чешмеџиев е новото засилување на босанскиот фудбалски клуб Вележ Мостар. Овој 24-годишен македонски играч досега ги бранеше боите на тетовската екипа Шкендија.

Како што информира неговиот нов клуб од БиХ, овој одбранбен играч потпиша договор на две години. Исто така досега играше уште за Работнички, Пелистер, Љубанци, Македонија ЃП и Академија Пандев.

Татко и дедо ми зборуваа како Вележ беше сериозен клуб во поранешна СФРЈ и дека е клуб со голема традиција и многу добри навивачи.

Целта е да се пласираме во Европа, да бидеме сите здрави и се надевам дека ќе успееме – рече Чешмеџиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот