Челзи се засилува: „Сините“ потврдија две засилувања

Фото: Chelsea FC/Twitter

Челзи денес ги потврди трансферите на Датро Фофана од Молде и Андреј Сантос од Васко Де Гама.

Сантос е 18-годишник кој може да игра на позицијата централен дефанзивец. Минатата сезона во дресот на Васко Де Гама на 33 натпревари постигна осум гола.

„Ова е навистина голема прилика за мене. Челзи е голем клуб кој се натпреварува во едно од најсилните првенства во светот, многу сум возбуден поради овој трансфер. Сите во клубот се одлични кон мене и навистина сум среќен“, изјави Сантос при потписот на договорот.

За услугите на Бразилецот Челзи плати 12.5 милиони евра. Иако во договорот Сантос имаше откупна клазула од 40 милиони евра, сепак управата на „сините“ успеа да договори да го добие за пониска сума.

Фофана е 20-годишен напаѓач кој одигра одлична сезона во Елитсериен. Во дресот на Молде, Датро Фофана постигна вкупно 17 гола и додаде уште шест асистенции.

Исто так е репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, а Челзи ќе му биде втора европска станица во кариерата. Претходно, играше за домашниот клуб АФАД. За неговите услуги „сините“ платија околу еден милион евра повеќе отколку за Сантос (13. 5 милиони евра).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот