Челси е како ураган на трансфер пазарот, договори и лев бек
Англискиот тим во летниот преоден рок ќе потроши дури 270 милиони евра.
Управата на Челси предводена од Марина Грановскаја дефинитивно е победник во летниот преоден рок, а тоа го докажа и со денешниот договор, поточно го договори обесштетувањето.
Препорачано
Левиот бек на англиската репрезентација Бен Чилвел е продаден на Челси за сума од 60 милиони евра. Лестер на крајот мораше да попушти и да ја намали сумата која ја бараше (80 милиони евра) поради големиот притисок од самиот фудбалер да биде продаден и тоа на Челси.
Претходно Челси ги ангажира и Тимо Вернер од Лајпциг за 62 милиони евра, како и Хаким Зијех од Ајакс за 40 милиоини евра со бонуси. „Сините“ исто така ги договорија сите детали со Баер Леверкузен за трансферот на Каи Хаверц, атрансферот ќе изнесува 80 милиони евра плус 20 милиони во бонуси.
Грановската исто така се договори и со искусниот Тијаго Силва од ПСЖ кој на „Стемфорд бриџ“ ќе пристигне како слободен играч и ќе добие двегодишен договор.
Со ангажираните засилувања ова лето, Челси дефинитивно стана еден од главните кандидати за титулата во Премиер лигата заедно со Ливерпул и Манчестер сити.


