Чави по ремито со Мајорка: Правиме индивидуални грешки, мора да бидеме поконцентрирани
Во вторникот Барселона во шпанската фудбалска „Ла Лига“ одигра само 2:2 на гостувањето против Мајорка, и ваквото реми може да го искористат ривалите во трката за титулата.
Препорачано
Моментно Барса е првопласирана со 17 бодови, пред Жирона (16) и Реал Мадрид (15) кои имаат по еден натпревар помалку во шампионатот.
– Правиме индивидуални грешки и затоа мора да бидеме многу поконцентрирани. Мора да се подобриме во тој дел. Мислам дека тоа е многу слаба точка за нас. Создаваме многу шанси за голови, но и примаме премногу. Повторно правевме грешки против Мајорка – вели Чави.
И неговите играчи се свесни дека прават премногу грешки на стартот на сезоната.
„Премногу им дозволуваме на противниците“ – се согласи Ориол Ромеу со тренерот.
И болките во одбраната не се случајни, а Барса особено се засили во офанзивниот дел, Жоао Феликс блескаво ја започна својата авантура на Ноу Камп, а не е многу послаб ниту Жоао Кансело. Роберт Левандовски повторно ја наоѓа својата напаѓачка форма, а добри игри имаат и Рафиња, Феран Торес и новиот „вундеркинд“, Ламине Јамал.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
40мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


