Чартер летот со германските репрезентативци принудно слетал во Единбург

Германските репрезентативци се добро, во тек се безбедносни проверки, соопштија од федерацијата/Фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Чартер летот на германската фудбалска репрезентација, при враќањето од Исланд, принудно слетал во Единбург, Шкотска, поради дефект на авионот.

– Ние сме добро. Во тек се безбедносни проверки. Безбедноста е на прво место – соопштија од германската фудбалска федерација.

Во еден момент, „Боинг 737“ нагло сврте десно и почна да се спушта, па пилотот побара итно слетување. Не е познато што предизвика принудно слетување.

Нема да се организира нов чартер лет од Единбург, но играчите и стручниот штаб ќе патуваат до нивните дестинации по редовни линии.

Инаку, германската репрезентација вчера го победи Исланд со 4:0 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2022 година во Катар.

Токму Германците се и во нашата квалификациска група „Ј“, моментно се првопласирани после шест кола со 15 бодови, Ерменија е второпласирана со 11, пред Романија (10), Македонија (9), Исланд (4) и Лихтенштајн (1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот