Чарли Шин - Фото: EPA-EFE/PENNY STEPHENS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT EDITORIAL USE ONLY

Чарли Шин за сексуалните односи со мажи: „Плаќав за да се чува тоа во тајност“

Чарли Шин неодамна проговори за голем број скриени аспекти од својот живот, вклучувајќи го и фактот дека спиел со мажи на врвот на својата зависност од дрога. Откритијата доаѓаат со објавувањето на неговите мемоари „Книгата на Шин“ (The Book of Sheen) и документарната серија на Нетфликс, позната како „Чарли Шин“, пишува „Лед бајбл“.

Едно од најзначајните признанија на Шин е за неговите сексуални врски со мажи и чувството дека морал да ги крие. Тој призна во емисијата „Добро утро Америка“ дека криењето дошло „со огромна количина изнуда“, објаснувајќи дека платил големи суми пари „за да го прикрие тоа“.

„Тие имаа снимки или што и да е, имаа нешто против мене“, призна Шин, додавајќи дека требал да се „ослободи“ од тоа.

Во ново интервју за „Тајмс“, тој објасни зошто решил да проговори сега.

„Режисерот на документарецот рече: ‘Длабоко се нурнувам во твојот живот и има многу гласини за тебе и момците’. Јас реков: ‘Добро, ајде да разговараме за тоа’. Се чинеше дека е вистинско време“, призна тој.

Шин продолжи: „Искусив како е да се држат такви работи скриени и секогаш да се грижам за следниот телефонски повик, следното тропање на вратата. Но, немав искуство со ‘Што ако е таму некаде?’“

Ѕвездата од „Два и пол мажи“ се пошегува: „Поради тоа имам уште нешто заедничко со Ричард Прајор и Марлон Брандо. Тоа е прилично добро друштво, нели?“ Да потсетиме дека Шин некогаш беше најплатениот телевизиски актер во светот, заработувајќи околу 1,8 милиони долари по епизода.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот