Центар за естетска дерматологија со единствени услуги во Македонија: Разбудете ја убавината и однадвор и одвнатре

Фото: Промо

Експертскиот тим вработен во Центарот за естетска дерматологија, ќе ја разбуди Вашата убавина одвнатре со комплетен пристап кој вклучува можности за персонализирани препораки за исхрана, суплементи и нега прилагодени на Вашите потреби и желби.

Центарот за естетска дерматологија при клиничката болницa „Жан Митрев“ е сеопфатен медицински и козметичко-дерматолошки оддел, кој нуди целосен спектар на медицинска и хируршка нега, како и естетско подобрување.

Фото: Промо

Сериозно го сфаќаме здравјето на вашата кожа, бидејќи кожата не само што е најголемиот орган на вашето тело, туку е критична имунолошка бариера која ве одржува безбедни и здрави во вашата околина. Од едноставни акни, до комплексни нарушувања на кожата, нашата мисија е да обезбедиме најнапредна нега на кожата за нашите пациенти – велат од Центарот.

Експертскиот тим вработен во Центарот, ќе ја разбуди Вашата убавина одвнатре со комплетен пристап кој вклучува можности за персонализирани препораки за исхрана, суплементи и нега прилагодени на Вашите потреби и желби. А, квалитетот и професионалниот пристап се приоритет.

Фото: Промо

Овде секој третман е персонализиран и по мерка на нашите пациенти, а приватноста загарантирана. Ние ги применуваме светските трендови во пракса и користиме докажани брендови на препарати. Наша главна цел е задржување на природниот изглед при разубавувањето, но исто така и промовирање на здрав живот и подобрување на севкупната здравствена состојба и животни навики, вклучително озон терапија, медицинска козметика, природни масла и вклучително нутритивниот аспект со совети за исхрана – објаснуваат дерматолозите.

Инаку тимот искусни дерматолози се обучени од светски признати експерти, а Ви стојат на располагање за естетска дерматологија, козметологија и дијагностика.

Фото: Промо

Естетска дерматологија

Како одминува времето, нашата кожа ги покажува природните, неизбежни знаци на стареење – брчки, линии и оштетувања од сонцето. На ова може да се спротивставите со нехируршки козметички процедури, кои можат да ги измазнат линиите и брчките, да подигнат тонус, да ја затегнат опуштената кожа, да ги намалат флеките, да ја поправат нерамномерната пигментација, да го минимизираат изгледот на вените на лицето и да создадат свежа, блескава, младешка кожа.

Д-р Александра Лазаревска
Специјалист по дерматовенерологија / Фото: Промо

Нашите третмани решаваат многу проблеми на најразлични делови на телото –  нагласуваат дерматолозите од Центарот за естетска дерматологија, кој нуди единствени услуги во Македонија

Третманите вклучуваат филери на усни, фини линии и брчки, процедури на антистареење, затегнување на кожата, обновување на површината на кожата, отстранување на лузни од акни. Некои од најпопуларните нехируршки третмани што ги нудиме вклучуваат Ботокс®, микродермоабразија, мезотерапија, полнила за ткива-филери, микронидлинг, хемиски пилинг и многу повеќе.

Фото: Промо

Козметологија

За дерматолошките состојби кај деца и возрасни кои вклучуваат акни, бенки, вирусни брадавици, егзема, псоријаза, розацеа и рак на кожа, како и третман на рани, тука се нудат решенија кои ќе Ве направат задоволни Вас и вашите деца.

Д-р Анџелка Илиева
Специјалист по дерматовенерологија / Фото: Промо

Дијагностистика во дерматологијата

Достапни се и алерголошки тестови, биопсија од кожа, дермоскопија и мапирање на бемки и уште многу услуги насочени кон подобрување на здравјето на кожата.

Фото: Промо

Бесплатна консултација со совети за следни чекори во естетските третманиможе да си закажете кај др Александра Лазаревска и д-р Анџелика Илиева во Центарот за естетска дерматологија при клиничката болницa „Жан Митрев“ на тел. 02/3091 484

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот