Цената вистинска ситница: Полуиспушената пура на Винстон Черчил на аукција

Фото: Gareth Fuller / PA Images / Profimedia

Љубителите на историјата ќе имаат шанса да наддаваат за предмети на двајца поранешни британски премиери на аукција овој месец.

Полуиспушената пура на Винстон Черчил и лулето на Харолд Вилсон ќе се продаваат на аукцијата од „Кетрин Саутон аукционери и вреднувачи“ (Catherine Southon Auctioneers & Valuers) на 19 јули.

Во полуиспушената и полуизџвакана пура Черчил уживал во својата резиденција во Чартвел додека го гледал филмот „Бен Хур“. Подоцна му ја дал на полицаец кој бил дел од тимот за обезбедување во неговата семејна куќа и го молел Черчил да му ја подари за спомен.

 


Божиќната честитка испратена до сопственикот во 1963 година и писмото со кое се потврдува пурата со ознака Ромео и Јулија сега се ставени на продажба од семејството на полицаецот и се очекува да достигнат цена помеѓу 700 и 900 евра.

Во меѓувреме, дрвеното луле на Вилсон, за кое е познато дека „му помага да се опушти“, исто така е потврдено со официјално писмо од самиот поранешен премиер до сегашниот сопственик кој го купил на добротворна аукција во 1979 година. Очекуваната цена е помеѓу 349 евра и 580 евра.

– Мило ми е што ќе ставиме на аукција две иконски парчиња кои припаѓаат на политичките сувенири на двајца познати премиери во толку важен период од нашата политичка историја – рекла Кетрин Саутон, претставничка на аукциската куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот