Нови детали за војната помеѓу снаата и свекрвата: Зошто Никола Пелц не ја поднесува Викторија Бекам?

Фото: Инстаграм

Според најновите информации до кои дошле странските медиуми, Никола Пелц во еден момент од својата скапа венчавка со Бруклин Бекам, во солзи истрчала од својот новопечен сопруг и од сите гости, само поради Викторија Бекам, која и тој ден била во центарот на вниманието.

На невестата тоа воопшто не ѝ се допаднало и за сè им се пожалила на своите мајка и сестра, но тие во тој момент не можеле ништо да направат за да ѝ помогнат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


Инаку, говорот на венчавката го одржал Марк Ентони, еден од многуте познати пријатели на постарите Викторија и Дејвид Бекам, кој со задоволство ја прифатил поканата за оваа свеченост.

Меѓутоа, наместо убави зборови да упати до нововенчаниот пар, тој наводно сѐ насочил кон Викторија и Дејвид, што на модната дизајнерка воопшто не ѝ пречело и тоа било очигледно.

Според извори блиски на парот, Никола не сака кога сите очи не се вперени во неа. Тоа што сега морала да ја „дели својата публика со Викторија, со која сега тивко војува“, никако не ѝ одговарало.

Мајка ѝ и сестра ѝ ја отпратиле невестата до тоалетот, каде успеала малку да се „прибере“ по инцидентот и да ја поправи шминката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


Инаку, Ентони споменатиот говор го одржал непосредно пред да запее за младенците, за нивниот прв свадбен танц.

Марк Ентони ги прашал која песна сакаат да им ја испее за првиот танц. Но, кога почнал да ја пее нивната песна, Викторија почнала да танцува со Бруклин.

„За младенците ова беше непријатно бидејќи тие мислеа дека овој посебен момент е за нив“.

Оттогаш, Никола, според тамошните шушкања, не сака да ја види Викторија Бекам.

Викторија Бекам не ја поднесува сопругата на нејзиниот син Бруклин?

Никола Пелц за гласините дека се скарала со Викторија Бекам: Сè е поради венчаницата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот