ЦДУ ја молат Меркел да му помогне на Лашет

Германската канцеларка Ангела Меркел и кандидатот за нејзин наследник од ЦДУ Армин Лашет/ Фото EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Во владеачката ЦДУ, пред парламентарните избори во Германија, расте незадоволството поради недостатокот на поддршка од страна на германската канцеларка Ангела Меркел за кандидатот на нејзината партија, Армин Лашет.

Дневникот „Велт“ пишува дека централната ЦДУ мора да ја моли Меркел за да воопшто почне јавно да ја поддржува кампањата на нејзиниот наследник.

Пред неколку месеци, кога се разговараше за тоа на кои предизборни манифестации би можела да учествува, Меркел одговори „по можност на ниту една, или на што е можно помалку“.

„Нејзиното допринесување е ограничено“ изјави неименуван важен политичар од ЦДУ за Велт.

Во партијата се прашуваат која е причината за ваквото однесување на Меркел, дали станува збор за лично непријателство, имајќи во предвид дека Лашет во повеќе наврати ја критикуваше нејзината политика.

Иако многу очекуваа од канцеларката да се вклучи во изборниот процес, таа тоа не го направи.

Ангела Меркел по 16 години на функцијата канцеларка на Германија, ќе се пензионира од политиката.

Што ќе прави Меркел во нејзината пензија?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот