Што ќе прави Меркел во нејзината пензија?

Ангела Меркел / Фото: EPA-EFE/AIDAN CRAWLEY

По 16 години на таа позиција, германската канцеларка Ангела Меркел наскоро политички ќе се пензионира, а таа секој месец ќе добива околу 15.000 евра и ќе има многу слободно време, освен ако не започне кариера, пренесува Дојче веле. 

Парламентарните избори ќе се одржат за помалку од еден месец, но политичката кариера на Ангела Меркел нема да заврши баш тој ден, откако ќе бидат објавени првите резултати, бидејќи таа треба да учествува во формирањето на новата влада. 

За време на нејзината неодамнешна посета на Вашингтон, Ангела Меркел рече дека прво ќе сака да се одмори и дека нема да прифати никакви покани. „Мислам дека навистина ќе ми се допадне“, рече таа.  

Таа на шала рече дека ќе се обиде да чита повеќе. „Можеби ќе се обидам да читам повеќе, но така може очните капаци да ми паднат од замор, па да заспијам“, вели таа. 

Меркел во јули го прослави својот 67-ми роденден. За разлика од многу пензионери во Германија, таа нема да има финансиски грижи. Како канцелар, таа заработува 25.000 евра месечно, а доби и повеќе од 10.000 евра во име на пратеничкиот мандат. Кога ќе престане да работи, прво ќе прима целосна плата за три месеци, а потоа половина од таа сума за максимум 21 месец. 

Што се однесува до висината на пензијата, надлежните служби ги земаат во предвид различните активности на канцеларите, министрите, пратениците и заедно со долгогодишното искуство во политиката треба да и обезбеди пензија од околу 15.000 евра месечно. Покрај тоа, до крајот на животот има право на службен автомобил со возач и лична обезбедување. 

Најверојатно таа ќе остане во Берлин некое време по завршувањето на мандатот. Нејзиниот сопруг, професор по квантна механика Јоаким Зауер, се уште не размислува за пензија. Има статус на вонреден професор на Универзитетот Хумболт во Берлин, но 72-годишниот Зауер го продолжи договорот како виш истражувач, но само до 2022 година, додава ДВ. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот