Патролен чамец на Царината во акција на Охридското Езеро / Фото: Царинска управа

Царината „тресе“ кајчиња и бротчиња на Охридското Езеро

Мобилни царински тимови спроведуваат засилени патролни контроли на пловните објекти во водите на Охридското Езеро, соопшти Царинската управа.

„Ги следиме сите сомнителни активности и каде што постои сомневање, вршиме контрола со цел навремена детекција и спречување на секој обид за криминал“, вели помошник-директорот за контрола и истраги во Царината, Влатко Лакордов.

Со зголемената контрола на пловните објекти, се додава во соопштението, Царината цели кон „спречување обиди за криумчарење и обезбедување ефикасна и реална наплата на увозни давачки“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот