Бурен развод: Софија Вергара и Џо Манганиело не можат да се договорат околу една работа

Фото: Instagram/ Joe Maganiello

Софија Вергара (51) неодамна објави дека се разведува од актерот Џо Манганиело (46) по седум години брак. Откако актерот поднесе барање за развод, сега доаѓа и официјалната распределба на имотот и сè што заедно стекнале.

Но, се отвора и прашањето, за тоа кој ќе го добие старателството за нивното куче Баблс, а според „Ју-ес Уикли“, тоа се наведува како една од најпроблематичните точки при разделбата.

Извор близок до актерката вели дека и покрај несогласувањата, Софија се надева на разделба по мирен и праведен пат.

Фото: Instagram/ sofia vergara
Фото: Instagram/ joe manganiello

Веднаш по стапувањето во брак, двојката одлучи да вдоми куче, бидејќи актерката многу сакала да има домашно милениче, но во едно интервју откри дека нема баш најдобар однос со кучето, кое повеќе се поврзало за нејзиниот сопруг. Двајцата неодамна го одбележаа десетиот роденден на нивното милениче.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Instagram/ sofia vergara

„Колку пати и да ме каснеш, јас секогаш ќе те сакам“,  напиша актерката на Инстаграм по повод роденденот на Баблс.

Да потсетиме, тие во пресрет на нивната венчавка во 2015 година потпишаа предбрачен договор, а богатството на Софија се проценува на 180 милиони долари, додека неговото за 140 милиони долари помалку. Инаку, Џо во документите за развод наведе  дека причина за разделбата биле „непомирливите разлики“, со веќе поранешната сопруга.

ФОТО | „Летото е за мене“: Софија Вергара ужива покрај базен во провокативно бикини

ФОТО+ВИДЕО | Софија Вергара го слави разводот: Танцува во танга-бикини во Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот