Росен Желјазков - претседател на Бугарскиот парламент / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Бугарскиот премиер закочи пред незадоволството од Владата: Протестираат млади луѓе, должни сме да ги слушнеме

Премиерот на Бугарија, Росен Жељазков, објави дека Владата поднела предлог за повлекување на предлог-законот за буџетот за 2026 година од Народното собрание за да обезбеди поширок консензус, објавија бугарските медиуми.

Потегот уследи по синоќешните масовни протести во Софија и неколку други града во Бугарија на кои граѓаните го изразија незадоволствтото од носењето на буџетот за следната година.

„Ќе бидат разгледани сите предлози поднесени од социјалните партнери, партиите и опозицијата. Ќе направиме сè што е потребно за да се осигураме дека дебатата за буџетот е консензуална. Гласовите на работодавачите и синдикатите мора да бидат слушнати, со цел да се гарантираат правата на секој граѓанин“, изјави бугарскиот премиер.

По одлуката на парламентот, владиниот кабинет ќе започне нова буџетска постапка.

Во врска со протестите, Жељазков го нагласи нивниот социјален карактер.

„Ова е видлив протест на млади луѓе кои сме должни да ги слушнеме. Организаторите на протестот немаат никаква врска со провокаторите кои се обидоа да предизвикаат судири со полицијата. Протестот не беше партиски, и покрај фактот дека одредени политички формации се обидуваат да го искористат“, додаде Жељазков.

По синоќешните протести, бугарскиот претседател Румен Радев повика владата на Бугарија да поднесе оставка, а во земјата да се одржат предвремени парламентарни избори оти, истакна тој, Бугарите ѝ рекле „не“ на актуелната власт.

ВИДЕО | Повеќе од 80.000 Бугари излегоа на протест против Владата: „Радев уфрли провокатори да палат и да дивеат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот