Бугарски тајкун од егзил ќе го руши Борисов – Бугарско лето на пролет излегува на изборите, бегалецот ќе го разоткрие премиерот

Васил Божков е бугарски тајкун кој е во егзил одлучи да му конкурира на Борисов на престојните парламентарни избори на пролет така што регистираше своја политичка партија под името Бугарско лето.

-Ние сме сила. Времето на правда доаѓа и правда ќе има за сите – најави на почетокот на месецот Божков, поранешен коцкарски могул и најбогат Бугарин, познат по тоа што досега вешто ги избегнуваше настапите во медиумите, а сега конечно излегува од својата мистериозна аура и стана најгласен критичар на актуелниот бугарски премиер Бојко Борисов.

Могулот се чувствува оштетен откако неговата високопрофитабилна компанија Национална лотарија е национализирана минатиот јануари, а против него се покренати бројни обвиненија за водење организирани криминални групи, изнуда, обиди за подмитување, ускратување на интелектуални прави и затајување данок. Од тогаш богатиот бизнисмен се крие во Дубаи.

Во текот на минатата година, во неколку наврати откриваше доверливи информации, објавувањеш сатирични цртани филмови кои ја разоткриваат тајната врска меѓу владата и олигархијата, а во јуни навести и формирање на политичка партија, прогласувајќи дека „истекло времето“ за моменталниот статус кво.

Пред неговата последна најава, некое време не се слушаше за неговите активности, што наведе многумина дека веруваат дека проектот е ветер во магла. Плановите сега изгледаат мнгоу посериозно, а бидејќи Божков е уште во егзил, претседател на партијата ќе биде 36-годишниот Борил Соколов, претходно маркетинг директор на агенцијата за спортски кладилници, Еурофудбал, основани од Божков.

Општите избори во Бугарија се закажани на 4. април и на нив ќе учестуваат и други нови личности на политичката сцена – односно добро познати, ама во изменети улоги.

Освен Бугарско лето, тука ќе биде и познатиот шоумен Слави Трифонов и поранешната омбудсманка со амбивалнетна репутација Маја Манолова и нејзината партија „Стани, Бугарија“ која се здружи со протестната група Отровно трио. Исто така, ќе учествува и опозициската партија „Да, Бугарија“, која имаше клучно значење во неодамнешниот бран протести во земјата како и Републиканците на чело со Цветан Цветанов, некогаш близок до Борисов и поранешен член на неговата партија ГЕРБ.

Иако сите овие партии се критички настроени кон владата, меѓу нив сепак нема јасни сојузи. Изборите ќе бидат главен тест на владејачката коалција ГЕРБ и Обединети патриоти, по многу критики и протести поради корупција, намалување на медиумските слободи и популистичка политика.

Војна против власта

Војната на социјалните мрежи против актуелната власт Божков ја покрена минатиот јуни кога објави карикатура на која себеси се претстави како народен херој Али Баба, со пештерско богатство кое владата сака да му го одземе.

Божков кој своето богатство го изгради на игрите на среќа и коцкарниците, од почетокот на минатата година се наоѓа во Дубаи, каде се затекна кога бугарските власти го обвинија за даночно затајување, мито и организиран криминал. Обвинителите проценија дека Божков на државата и долгува речиси половина милијарда долари неплатен данок на име на неговата лотарија.

Тој скандал уште еднаш ги нагласи бугарските проблеми со корупцијата и организираниот криминал, истовремено поставувајќи прашањаа за можната заштита која Божков ја добил од владата.

Като през цялото това време Али Баба платил и 500 млн. данъци на държавната хазна.

Posted by Васил Божков on Sunday, May 31, 2020

– Некогаш постоеше држава со која владееја 240 разбојници (бројот на пратеници во бугарскиот парламент). Али Баба исто така живееше таму. Тој во 2013 година откри нова пештера, Националната лотарија, која беше мала, така што разбојниците не забележаа и не наметнаа посебен данок за неа. Политичарите рекоа дека ќе му помогнат на Али Баба ако тој даде 20 отсто од заработката, напиша Божков под карикатурата.

Она на што алудира Божков е законот усвоен во 2014 година со кој бинго салите, томболите, лотариите и игрите со карти се изземени од даночењето.

За оние кои не ја разбраа алузијата, Божков, познат под прекарот Череп, утредента напиша нов статус, овојпат без да ги крие имињата. Директно го обвини Борисов и министерот за финансии Владислав Горанов дека му барале 20 отсто од приходите од лотаријата во замена дека законот ќе го ослободи од данокот.

Огромна работа е свършена в сферата на образованието. Милиарди инвестираме, за да подобрим условията за децата в цялата…

Posted by Boyko Borissov on Saturday, January 16, 2021

Кој е Божков?

Божков по образование е математичар и економист и една од контроверзните личности во Бугарија. Падот на најбогатиот човек во земјата беше брз, но пред тоа беше миленик на сите влади кои се менуваат од неговиот подем во 90-тите години.

По деценија пружање поддршка на Божков, се чини во заемна корист, Бугарија на почетокот на минатата година донесе закон за воспоставување на монопол на игрите на среќа, а фирмата на моќниот тајкун ја обвини дека врз основа на „дупка во законот“ затајувала данок.

Минатиот мај специјалното обвинителство соопшти дека го истражува тајкунот проади врски со криминална група која од 2012 година учествувала во убиства, изнуди и силувања.

Против Божков се покренати 18 обвинененија, вклучувајќи го и она за незаконско поседување антиквитети од историско значење. Тајконот на ова одговори со обвинение дека владата се обидува да ја заплени неговата колекција, за која се верува дека е поголема од онаа која ја поседува Националниот историски музеј на Бугарија.

За богатството на Божков во Бугарија може само да се нагаѓа, но се претпоставува дека тоа е поголемо од 1,5 милијарди долари.

Извор: Блиц

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот