Бугарски навивачи уапсени за расистички навреди

twitter.com/goal

Полицијата во Бугарија уапси петмина навивачи кои на евро квалификацискиот дуел Софија пред два дена на расна основа навредуваа англиски репрезентативци.

Уапсените петмина се обвинети за расистичките навреди, откако беа снимени како користат нацистички гестови.

За потсетување, натпреварот Бугарија – Англија двапати беше прекинуван поради расизам.

Поске скандалот, УЕФА отвори дисциплински случај против репрезентацијата на Бугарија.

Претседателот на Бугарскиот фудбалски сојуз Борислав Михајлов поднесе оставка по повикот од премиерот Бојко Борисов да ја напушти функцијата и да ја преземе одговорноста за инцидентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот