Бугарка од „Фејсбук“ и лажен командир прелажале лековерен тетовец, им пуштил 3.000 евра
Креативни измамници успеале да „олеснат“ жител на Тетовско за 3.000 евра, соопшти МВР. 67-годишниот човек најпрвин се запознал со жена од Бугарија на социјалните мрежи, а таа подоцна му кажала дека сака да купи стан во Тетово. Кога требало да дојде во градот за да го купи станот, измамничката му кажала дека ја задржале на граница, а нејзин ортак-измамник потоа му се јавил како полициски командир и му кажал да прати 3.000 евра за наводна казна што треба да ја плати жената, велат од полицијата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„На 22.12.2025 во 15:00 часот во СВР Тетово, 67-годишник од тетовско село пријави дека бил измамен за сума од 3.000 евра од женско лице, кое се претставило дека е од Бугарија и со која контактирал на социјални мрежи. Според пријавеното, на 20.12.2025 таа го известила дека сака да купи стан во Тетово, а неколку часа подоцна му се јавила и му кажала дека на граничен прамин и заплениле 10.000 евра. Како што е пријавено, подоцна му се јавило лице кое се претставило како командир на граничен премин и го известило дека таа треба да плати казна од 3.000 евра за да ѝ ги вратат парите. Исто така, според пријавеното, откако ги уплатил парите преку брз трансфер на три различни агенции, како што му било кажано, не можел да ги добие на телефон, по што сфатил дека е измамен“, пишува во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


