Бугарите сепак ќе пратат официјална делегација во Свети Спас, ќе ја предводи „првиот полицаец“ Демерџиев

4 февруари 2022 година / Делегации на владите на Северна Македонија и на Бугарија се поклонија и положија цвеќе пред гробот на Гоце Делчев/ Фото: МИА

Бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев утре во Скопје ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас.

Како што јави БТА, Демерџиев, кој ќе биде придружуван од неговиот заменик Венцислав Катинов, ќе му оддаде почит на Делчев по повод 151-годишнината од неговото раѓање.

Според најавите, почит пред гробот на Гоце Делчев со положување цвеќе ќе оддадат и претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав ќе бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министрите за одбрана, Славјанка Петровска, за внатрешни работи, Оливер Спасовски и за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, делегација на Собранието, предводена од собранискиот потпретседател Горан Мисовски, придружуван од пратениците Снежана Калеска-Ванчева и Љупчо Пренџов, како и делегации на институции, партии и граѓански здруженија.

Ковачевски претходно изјави дека нема најава за официјална бугарска делегација која би дошла во Скопје, додавајќи дека секој оној што е добронамерен, слободно може да го најави своето учество.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот