фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Буфон: Ќе се спакувам и ќе си заминам, ако Италија не оди на Светско првенство

Поранешниот голман на Италија, а денес функционер во Фудбалскиот сојуз на земјата, Џанлуиџи Буфон, порача дека е подготвен да се повлече од функцијата доколку репрезентацијата не обезбеди настап на Светското првенство годинава.

Италијанската селекција за околу три недели ќе го започне баражот за пласман на Мундијалот. Тимот предводен од Џенаро Гатузо во полуфиналето најпрво ќе се соочи со Северна Ирска, а доколку ја мине таа пречка, во финалето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Босна и Херцеговина и Велс.

Иако Италија се смета за благ фаворит во овој пат до Мундијалот, Буфон нагласи колку е важно Италија да се врати на Мундијалите.

„Ако Италија не се пласира на Светското првенство, ќе поднесам оставка. Јас ќе бидам првиот што ќе ја преземе одговорноста. Ако треба некој да ја понесе вината, јас сум подготвен да се повлечам, да ги спакувам работите и да си одам дома. Но ме лути начинот на кој се размислува, бидејќи ретко кој се обидува да види дали некој работи професионално и со вистински вредности“, изјави Буфон.

Легендарниот голман повеќе од две децении беше дел од националниот тим и одигра вкупно 176 натпревари за Италија. Неговиот најголем успех со репрезентацијата беше освојувањето на светската титула во 2006 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот