Бучковски: Бугарија да не се надева дека можеме одеднаш да го промениме Уставот

Владо Бучковски / Фото: Архива на Слободен печат

Мора да сме претпазливи кога ги подгреваме очекувањата на јавноста, вели специјалниот претставник на македонската влада за Република Бугарија, Владо Бучковски во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

Бучковски смета дека проценките на нашата влада и МНР е дека Македонија треба да испорача и даде резултати во спорот со Бугарија на Меѓувладина конференција.

-Затоа ние очекуваме дека ако дојде до формирање на влада час поскоро, првата задача би била да ја договориме таа конференција. Тој е инструментот на договор. После тоа полесно би влегле во завршницата за прашањата меѓу нас. Мислам дека не треба да се гаат илузии од бугарска страна дека можеме одеднаш само да го смениме Уставот. За промена на Уставот и преамбулата е потребно две-третинско мнозинство во Собрание. Моја проценка е дека тоа е невозможно мисија. Треба да се разговара и со ВМРО-ДПМНР како фактор, без кој не може да се смени уставот. Мислам дека треба да ги искористиме сите институционални инструменти, потенцира Бучковски, зборувајќи за барањето на официјална Софија во македонскиот Устав да биде запишано постоењето на бугарското малцинство во земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот