Буба Корели ја отплати затворската казна во износ од околу 12.000 евра
Босанскиот рапер Амар Хоџиќ, познат како Буба Корели, му исплатил на Врховниот суд на Федерацијата Босна и Херцеговина околу 12.000 евра, со што затворската казна од осум месеци, на која бил осуден поради затајување данок, е заменета со парична казна, пишува „Кликс.ба“.
Препорачано
Посебното одделение за сузбивање на корупција, организиран и меѓукантонален криминал при Врховниот суд претходно соопшти дека тој ја признал вината за затајување данок и уплатил околу 59.000 евра на сметка на Управата за јавни приходи.
„Долгот кон државата е целосно подмирен. Во однос на затворската казна, согласно законот е искористена можноста таа да се замени со парична казна“, изјавил неговиот адвокат Сеад Зијадиќ.
Да потсетиме, Буба Корели претходно се пошегувал на сопствена сметка по објавувањето на пресудата.
„Ме праша за данок, реков: ‘Не сум’“, изјавил тој, алудирајќи на изменет стих од песната „Торонто“, која ја изведува со Јала Брат, по што се насмеал.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20мин
-
2час
-
6час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


