Денеска направете си брза салата од туна

СОСТОЈКИ:

  • 500 г туна од конзерва
  • 1- 2 главици кромид
  • малку масло
  • мајонез
  • сушен зеленчук
  • 3- 4 маслинки
  • црвен пипер
  • неколку листови кинеска зелка

ПОДГОТОВКА:

Кромидот излупете го и исечкајте го ситно. По желба пропржете го кратко на малку масло или оставете го свеж. Во еден сад измешајте го со туната, додајте сушен зеленчук, малку црвен пипер и измешајте добро да се соединат состојките. Потоа додајте мајонез, промешајте и сервирајте во чинија, на листови од кинеска зелка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот