Брутална ликвидација во Србија: наркобос и поранешен фудбалер на Црвена звезда убиен со рафал и докусурен со два истрели в чело

Бруталната ликвидација на поранешниот српски спортист Живко Бакиќ (43) во петокот покрена опсежна потрага по убиецот. Мала Иванча и околината на езерото Трешња во Србија веќе три дена се под целосна полициска опсада, а сега се откриени морничави детали за злосторството, јавуваат српските медиуми.

Бакиќ, поранешен фудбалер и водач на моќен наркокартел, бил убиен додека отслужувал куќен притвор и бил на прошетка, а се верува дека убиецот ги знаел неговите навики: каде живее, кога оди на прошетка и по која рута. По сѐ изгледа станува збор за професионални убијци.

Телото на Живко Бакиќ било пронајдено на шумски пат, до половина покриено со снег. Постојат сомнежи дека убиецот имал намера да го сокрие телото за да добие на време, но нешто го спречило и бил принуден да побегне, пренесуваат локалните медиуми.

Првите резултати од обдукцијата покажуваат дека Бакиќ прво бил покосен со рафал во пределот на градите и стомакот, а додека лежел во снегот, убиецот му пришол и двапати го погодил со два директни истрели во челото.

Од „Маракана“ до ќелија со терористи

Живко Бакиќ бил перспективен фудбалер, минал низ младинските категории на Црвена звезда, носел дресови на Земун и Зета. Неговата спортска кариера ја прекинала семејна трагедија.

Следниот негов чекор била работата како агент за луксузни вили, што било совршен параван за влез во високиот наркобизнис. Меѓутоа, во 2014 година завршува во шпански затвор, во најстрогиот блок на затворот „Морон де ла Фронтера“. Зад решетки бил под надзор 24 часа на ден, а ќелијата ја делел со најлошите терористи и убијци.

Кој го „откуцал“?

Најголемата мистерија за полицијата сега е придружбата на Бакиќ. Тој секојдневно шетал со група млади луѓе кои му глумеле пријатели и обезбедување. Токму тие го пронашле неговото тело во снегот и повикале помош.

Истражителите сега проверуваат дали некој од неговото најблиско опкружување „продал“ информација на убијците и им овозможил да му пријдат токму во моментот кога го користел времето за прошетка.

Криминално друштво

Живко Бакиќ, познат и по прекарот Жиќа, бил дел од криминална мрежа која прошверцувала 324 килограми кокаин од Јужна Америка во Европа.

Групата беше разбиена во септември 2023 година, а токму Бакиќ тогаш беше посочен како нејзин водач. Се сомневало и дека бил близок со осудуваниот наркобос Зоран Јакшиќ., познат како „човекот со 1000 лица“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот