Брус Вилис доби негативни коментари: Фановите го нападнаа за неговиот изглед

Славниот актер беше фотографиран на улиците во Лос Анџелес. Обожавателите по објавените фотографии го нападнаа со негативни коментари, а еден од коментарите е дека тој „изгледа како баба“.

Profimedia

Американскиот актер и филмски продуцент Брус Вилис (65) беше фотографиран при шопинг во средата попладне во Лос Анџелес од страна на папараците.

Sвездата од филмот „Умри машки“ беше фотографиран во опуштено издание пред локална продавница.

Брус носеше сини фармерки, маица со кратки ракави, црни патики, како и две марами. Околу главата носеше црвена марама, а додека околу вратот имаше сина марама која ја користеше како заштитна маска при влегувањето во продавницата, заштитувајќи се од вирусот корона.

Profimedia

Брус помина извесно време во изолација во Ајдахо со своите ќерки Румер (32), Скаут (29) и Талула (26), како и неговата поранешна сопруга Деми Мур, а преку фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи изгледаа како идеално семејство, иако поминаа 20 години од разводот на Деми и Брус.

Profimedia

По враќањето во Лос Анџелес, тој си е повторно со сегашната сопруга Ема Хеминг и ќерките Мејбел (8) и Евелин (6), со кои уживаше во летните денови.

Profimedia

Годините не го имаат поштедено ниту Брус. Сива брада, брчки на образите и околу очите кои повеќе не може да се скријат ниту со црвената рокерска марама. Со младешкиот стил се обидел да ги прикрие годините, но неуспешно.

Изгледа како баба – беше еден од негативните коментари на обожавателите кои ги видоа овие фотографии.

И покрај возраста и постариот изглед, Брус сè уште глуми, а оваа година излегоа неговите два акциони филма „Тешко убиен“ и „Преживеј ја ноќта“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот