Брус Ли има повеќе врски со Србија од Никола Тесла: Детска провокација од хрватскиот претседател Милановиќ

Зоран Милановиќ/ фото: ЕПА

Можеби не е во ред Хрватска да го присвојува Никола Тесла, но Србија има уште помалку права на тоа, изјави денеска претседателот Зоран Милановиќ по повод најавата дека ликот на овој научник ќе биде на хрватското евро, јавува загрепската Н1 телевизија.

– Тесла помина помалку време во Србија отколку јас денес во Оклај. Тесла е Американец, тој беше толку сериозно сфатен во Хрватска и Виена што побегна во Америка. Хрватска имаше криза на идентитет со Тесла и тоа беше нејасна љубов – им изјави Милановиќ на новинарите за време на неговата посета на Промина.

Тој исто така рече дека Србија може да го именува аеродромот во Белград по Брус Ли, бидејќи, како што рече, тој има врски со Србија, како и со Тесла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот