Бронзени медали за Костовска и Јовановска на Балканското карате првенство во Подгорица

фото: kfm.com.mk

На првиот ден од Балканското карате првенство за сениори и ветерани што се одржува во Подгорица, Црна Гора, Вероника Костовска и Викторија Јовановска освоија бронзени медали во категоријата до 61 килограм во борби.

Македонската каратистка Костовска во борбата за бронзата со 2:0 триумфираше против Грета Миа Зорко од Хрватска, додека Јовановска со 4:1 славеше против Елмедина Истогу од Косово.

Две петти места освоија Михаела Мишовска и Марија Петровска. Во текот на утрешниот ден ќе настапи и машката репрезентација.

На Балканското настапуваат 275 каратисти со 298 натпреварувачки влезови од 13 држави.

Резултати – Балканско првенство:

-50 кг
Теодора Цветковска – Тамара Грчиќ (Србија) 0-0

Михаела Мишовска – Лименеу Стаматина (Грција) 5-1
Михаела Мишовска – Мусереф Оздемир (Турција) 0-8
Репасаж
Михаела Мишовска – Хатиџе Зејнулаху (Косово) 5-2
За бронза
Михаела Мишовска – Лидија Тримчиќ (Србија) 1-2

Марија Петковска – Адна Реброња (БиХ) 2-0
Марија Петковска – Ема Сгардели (Хрватска) 2-7
Репасаж
Марија Петковска – Наз Суде Јилдиз (Турција) 6-0
За бронза
Марија Петковска – Тамара Грчиќ (Србија) 0-0

-61 кг
Викторија Јовановска – Хана Дебељак (Словенија) 0-0
Викторија Јовановска – Луција Батаија (Хрватска) 0-1
Репасаж
Викторија Јовановска- Медина Бераковиќ (БиХ) 8-2
За бронза
Викторија Јовановска – Елмедина Истогу (Косово) 4-1

Вероника Костовска – Мина Трикос (Србија) 0-4
Репасаж
Вероника Костовска – Гизем Озтурк (Турција) 6-1
За бронза
Вероника Костовска – Грета Миа Зорко (Хрватска) 2-0

Јована Мицовска – Грета Миа Зорко (Хрватска) 3-8

-68 кг
Ангела Мојсовска – Марина Куртеш (БиХ) 2-7
Репасаж
Ангела Мојсовска – Леа Вукоја (Хрватска) 4-7

-60 кг Вахик Весели
-67 кг Емил Павлов
-67 кг Давид Петков
-67 кг Димитар Лозаноски
-75 кг Петар Заборски
-75 кг Михајлов Љупче
-75 кг Мурсел Мисини
-84 кг Петар Спасеновски
-84 кг Витомир Трајковски
+84 кг Данило Божовиќ
+84 кг Вегим Мурати

Машки кумите тим (Мијахлов, Мисини, Павлов, Мурати, Трајковски, Заборски, Божовиќ)
Женски кумите тим (Јовановска, Костовска, Мицовска, Мојсовска)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот