Бројот на заразени во Словенија близу 500

Медицински лица во Словенија / Фото: Архива

До сега во земјата четири лица починаа како последица од Ковид-19.

Според последните податоци на Националниот институт за јавно здравје на Словенија, во земјата со коронавирусот се заразени вкупно 480 лица, а до сега се направени над 13.000 тестирања.

Синоќа здравствените власти објавија дека почнуваат да применуваат нови упатства за тестирање според кои проверка за коронавирусот ќе им се прави на лицата над 60 години кои имаат и најмали симптоми на настинка. Тестирани ќе бидат и лицата со блага клиничка слика, кои имаат висок крвен притисок, кардиоваскуларни болести, имунолошки проблеми, тешки респираторни и болести на црниот дроб, без разлика на возраста.

До сега во земјата четири лица починаа како последица од Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот