Бритни Спирс призна дека сака уште едно дете, но има една главна пречка во нејзиниот план!
Пејачката Бритни Спирс сосем отворено проговори во медиумите за се што ѝ лежи на душата. Таа призна дека сака уште едно бебе и тоа со својот сегашен партнер Сем Ашгари. Меѓутоа, за тој план се противел нејзиниот татко Џејми Спирс, кој од почетокот на нејзината кариера ги донесува сите нејзини одлуки наместо неа. Во тек е судењето на кое води битка со сопствениот татко, оптужувајќи го дека од самиот почеток на нејзината кариера ги држи сите конци од нејзиниот живот во свои раце.
Препорачано
За време на една парница Бритни отворено признала дека уште минатата година сакала да остане бремена и да добие дете со Сем, но татко ѝ се противел на таа одлука. Всушност, Џејми Спирс од почетокот се грижи за кариерата на неговата ќерка и денес пејачката е исклучително приврзана кон него и неговото мислење. Тој станал нејзин главен советник после нервниот слом во 2008 година и од тој момент ги носи сите одлуки за неа. Минатата година дури и се пријавила во психијатриска установа откако нејзиниот татко се разболел и замалку ќе починел. Но, од тој момент нешто се променило и сега Спирс е одлучна да ги земе конците во свои раце.


