Бритни Спирс повеќе нема да настапува во живо, поради намалените приходи бара сама да располага со своите пари

Фото: Инстаграм

Славната музичка ѕвезда наводно се обидува да дојде до судската документација и да ја изнесе во јавноста, но нејзиниот татко се спротивставува на тоа…

Поп ѕвездата Бритни Спирс (38) во новите судски записи открива дека завршила со настапите во живо, барем засега, наведува „TMZ“.

Фото: Инстаграм

Нејзината битка со таткото Џејми кој се обидува да остане нејзин старател со полно право да располага со нејзините пари и да донесува одлуки наместо неа, стана се поинтензивна во последните месеци.

Како што наведува „TMZ“, според најновите информации пејачката се спротивставува на обидите на нејзиниот татко да го врати Ендру Волет како нејзин старател, како што тоа беше случај од 2008 до 2019 година.

Фото: Инстаграм

Меѓутоа, таткото на пејачката Џејми возврати на тврдењата дека приговорите на Бритни се неточни и побара сослушување поради утврдувањето на фактите од неговите правни документи.

Фото: Профимедиа

Во документите Бритни Спирс наведува дека во блиска иднина нема да настапува во живо, но никаде не е наведено дали засекогаш ќе престане или дали тоа ќе биде на подолг период.

Сепак, нејзиниот татко ги игнорира нејзините потреби да ги зачува своите пари и сама да располага со нив, и тоа така што сака да го доведе Волет и заедно да ја контролираат Бритни.

Фото: Инстаграм

Пејачката изјави дека Волет е „неподобен“ да управува со нејзиниот имот, и дека преку таа „улога“ со години тој заработил милиони долари.

Бритни тврди дека Волет во таа улога заработувал дури половина милион долари годишно, а дека исплатата од 100.000 долари ја примил откако си дал оставка во февруари 2019 година.

Бритни наведува дека нејзиниот татко и Волет само се обидуваат да ја доуништат нејзината среќа, а воедно и да и ја расипат врската со нејзиното момче.

Фото: Инстаграм

Поради намалување на приходите што се должи на откажувањето на концертите и настапите во живо поради пандемијата на коронавирусот, Бритни не сака повеќе никој да и „извлекува“ парични средства.

Фото: Инстаграм

Татко и Џејми во моментот е единствен старател на Бритни и единствениот човек кој располага со нејзиниот имот. Иако претходно се обидуваше да го отстрани својот татко како старател, тој остана на таа позиција според одлуката на судот во август.

Фото: Инстаграм

Тогаш изворите за странските медиуми тврдеа како менталното здравје на пејачката не било воопшто добро во текот на минатата година, и дека се уште нема предадени документи како доказ за отфрлување на старателството кое му е доделено на нејзиниот татако.

Фановите на Бритни веруваат дека нејзините родители ја држат како затвореник, поради што покренаа петиција наречена „FreeBritney”.

Фото: Инстаграм

Поп ѕвездата од неодамна се обидува да дојде до судските документи и да ги претстави во јавноста, додека нејзиниот татко смета дека тоа би било погубно за неа. Исто така, не сака во јавноста да дојде ниту нејзиното здравствено досие, наведувајќи дека тоа лошо би влијаело не само на неа, туку и на нејзините две деца кои ги има од бракот со поранешниот сопруг.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот