Бритни Спирс и Сем Асгари се разделуваат по една година брак

Фото: Profimedia

Пејачката Бритни Спирс и нејзиниот долгогодишен партнер Сем Асгари се разделуваат по 14 месеци брак, дознава таблоидниот медиум „Ти-ем-зи“.

Извори за „Ти-ем-зи“ велат дека, пред околу една недела, Асгари се соочил со Спирс за гласините дека таа го изневерувала. Не се знае дали гласините се вистинити, но тој им поверувал и се расправале во голема мера.

Бритни Спирс и Сем Асгари во 2017 година / Фото: PLANET PHOTOS / Planet / Profimedia

Наводно, Асгари се иселил од нивната куќа и сега живее во свој стан.

„Прашање на време е кога Сем ќе поднесе барање за развод“, додава изворот.

Никој од нив сѐ уште не ја искоментирал веста за разводот.

Фото: Инстаграм/Сем Асгари

Како потсетување, Бритни Спирс и Сем Асгари се венчаа во јуни 2022 година, на свадбена церемонија во куќата на поп-ѕвездата. Меѓу гостите беа Мадона, Парис Хилтон и Селена Гомез.

Тие беа во врска шест години пред да се венчаат, а се запознаа на снимањето на видеозаписот за песната „Slumber Party“.

„Ова ќе го потресе светот“: Бритни Спирс ја заврши својата автобиографска книга

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот