Британските сили учествуваа во воена вежба со шведската и финската војска во Финска

Фото: МИА

Британски војници им се придружија на шведските и финските трупи во воената вежба во регионите Рованиеми и Ровајарви, во северна Финска, што се одржа од 29 август до 2 септември.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека тоа резултирало со зајакнување на ефикасноста во заедничкото дејствување, имајќи предвид дека Шведска и Финска сакаат да влезат во НАТО.

Војната во Украина отвори нови прашања за безбедноста на Европа наспроти руската агресија.

-Додека има војна во Европа, зајакнувањето на нашите меѓународни партнерства е поважно од кога било, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас, пренесе ДПА.

„Го поддржуваме барањето на Финска и Шведска за влез во НАТО и ќе продолжиме со заедничките вежби за да бидеме подготвени заедно да се соочиме со безбедносните предизвици”, додаде тој.

Валас, исто така, рече дека вежбата е „непроценлива можност за британските војници да ги развијат своите вештини и искуство за војување на студено време за да бидат ефикасни на бојното поле заедно со нивните фински и шведски колеги”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот