Британските музичари ја нападнаа владата: Сега мораат да имаат визи за настапи во ЕУ

Instagram

Некои од најголемите музички ѕвезди во Велика Британија јавно се обратија на владата со барање со цел да им обезбеди безвизни турнеи во Европската унија. Сер Елтон Џон, Лиам Галагер и Никола Бенедети се меѓу 110 уметници кои се потпишаа во отвореното писмо адресирано до владата.

Во него се вели дека тие биле „бесрамно отфрлени“ од владата во врска со правилата за патување за музичари од Велика Британија по „Брегзит“.

Од владата велат дека ѕвездите треба да ја прашаат Европската унија зошто „го отфрли разумниот предлог на Велика Британија“.

EPA-EFE
Фото: EPA/SEBASTIEN NOGIER

Секретарот за култура, Оливер Доуден во среда ќе се состане со претставници на музичката индустрија за да дискутираат за нивните проблеми.

На почетокот на оваа недела, министерката за култура Каролин Динанаџ изјави дека Европската Унија не била компатибилна со манифестната заложба на владата на Велика Бринатија во врска со граничниот режим. Сепак, таа истакна дека „вратата е отворена“, доколку Европската унија е подготвена повторно да ги разгледа предлозите на Велика Британија во врска со постигнување договор за музичарите.

Instagram
Instagram

Во меѓувреме, потврди таа, од музичарите и уметниците кои ќе сакаат да патуваат низ Европа се бара да ги проверат правилата за посетители за секоја земја-членка во која имаат намера да патуваат.

Од нив може да се бара да имаат виза или работна дозвола, што според некои експерти од музичката индустрија ќе бидат скапи и потенцијално отежнати процеси особено за музичари кои се на почетокот на нивната кариера.

Instagram
Виолинистката Никола Бенедети / Instagram

Други имиња кои се најдоа во отвореното писмо се пејачот Ед Ширан, Стинг, Радиохед, Ким Вајлд и други.

Договорот склучен со Европската унија има дупка во која треба да биде ветеното слободно движење за музичарите. За сите кои би сакале да остварат европска музичка турнеја ќе им требаат скапи работни дозволи за многу земји што ги посетуваат и планина документи за нивната опрема“, стои во писмото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот