ВИДЕО | Кајли Џенер влезе во музичката индустрија, пее и рапува во нејзината дебитантска песна
Кајли Џенер и официјално влегува во музичката индустрија. Речиси една деценија откако многумина шпекулираа дека токму таа стои зад песната „3 Strikes“ на групата „Терор џуниор“, која беше искористена во нејзината реклама за сјај за усни, ријалити ѕвездата и претприемачка сега го заокружи кругот. Џенер со истата група сними песна со симболичен наслов „Fourth Strike“. …

