Фото: Принтскрин / Instagram

ВИДЕО | Кајли Џенер влезе во музичката индустрија, пее и рапува во нејзината дебитантска песна

Кајли Џенер и официјално влегува во музичката индустрија. Речиси една деценија откако многумина шпекулираа дека токму таа стои зад песната „3 Strikes“ на групата „Терор џуниор“, која беше искористена во нејзината реклама за сјај за усни, ријалити ѕвездата и претприемачка сега го заокружи кругот.

Џенер со истата група сними песна со симболичен наслов „Fourth Strike“.

Веста ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи, објавувајќи ја и насловната страница на синглот.

Непосредно пред самото објавување, таа објави и музичко видео „Glosses Part II“ на Снепчет, каде што обожавателите повторно шпекулираа дали таа е пејачката на групата „Терор џуниор“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Terror Jr (@terror.jr)

„Пред 10 години кружеше гласина дека јас всушност пеев на ‘3 Strike!’ Тоа не бев јас (би сакала да бев), па добив идеја да се собереме за ‘Fourth Strike’. Ви благодарам што направивте уште една совршена песна и што ми верувавте навистина да се вклучам во ова! Бев тооолку нервозна, но многу сум благодарна“, порачала Кајли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот