Британските деца чистат коли, косат трева и мијат прозорци за џепарлак

Апликанти за работа во Хрватска/ФОТО: Слободен печат

Во Обединетото Кралство, сè повеќе деца добиваат плата да ги извршуваат домашните работи како начин да заработат џепарлак. Според податоците на британската компанија НатВест Рустер мани, која издава дебитни картички наменети за деца, децата со извршување на домашните работи за пари во текот на минатата година го зголемиле својот џепарлак за 9,23 фунти или три отсто во однос на 2022 година.

Податоците се добиени од анкета на повеќе од 300.000 деца на возраст од шест до 17 години кои ги користат услугите на споменатата финансиска компанија.

Утврдено е и дека има сè помалку луѓе кои на своите деца им даваат џепарлак како нешто што се зема здраво за готово без услуга за возврат, како на пример извршување на некои од домашните работи.

Имено, бројот на таквите во 2023 година бил 30 отсто, додека претходната година бил 32 отсто. Најдобро платени се косење трева, чистење автомобили, чистење прозорци и градинарство, јавува Би-би-си, пренесува Кликс.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот