Британскиот премиер Џонсон предупредува на здравствена криза без преседан

Фото: EPA-EFE/MARK MARLOW

Изјавата на Џонсон следуваше откако главниот научен советник на британската Влада Патрик Валанс рече дека реалниот број на заболените е многукратно поголем од потврдените.

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска оцени дека светот се соочува со здравствена криза без преседан, и ги предупреди сограѓаните дека многу семејства ќе се соочат со смрт на своите најблиски од новиот коронавирус.

На прес-конференцијата по денешниот состанок на Комисијата за кризни ситуации при Владата, Џонсон рече дека епидемијата ќе продолжи да се шири.

На забелешките дека државата не донела долгорочни мерки, како многу други земји, Џонсон одговори дека Владата ги следела упатствата и советите на науката и најави дека „вистинските чекори ќе бидат направени во вистински момент”.

– Со генерации не е видена ваква здравствена криза, констатираше Џонсон.

Изјавата на Џонсон следуваше откако главниот научен советник на британската Влада Патрик Валанс рече дека реалниот број на заболените е многукратно поголем од потврдените.

Во Велика Британија засега се потврдени 590 случаи, од кои 130 се во последните 24 часа, што е зголемување за 29 отсто.

– Ако размислите што тоа навистина значи, поверојатно е дека реалниот број на заразени е некаде меѓу 5.000 и 10.000, рече Валанс, потенцирајќи дека врвот на епидемијата во таа земја се очекува за 10 до 14 седмици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот