Британскиот министер за вакцини: Има 4.000 мутации на ковид-19 во светот

Фото: twitter

Во моментоt постојат околу 4.000 варијанти на коронавирусот ширум светот, изјави денеска британскиот министер за вакцини, Надим Захави за „Скај Њуз“. Тој додаде дека постои „библиотека” со мутации на коронавирусот за да се обезбеди Велика Британија да биде подготвена да одговори со ажурирани вакцини.

– Во моментот има околу 4.000 варијанти на ковид-19 низ целиот свет. Сите производители – „Фајзер“, „БајонТек“, „Модерна“, Универзитетот Оксфорд, „АстраЗенека“ и други гледаат како можат да ја подобрат вакцината за да бидат сигурни дека сме подготвени за секоја варијанта, рече Захави.

– Имаме најголема индустрија за секвенционирање на геном, имаме околу 50 проценти од светската индустрија за секвенционирање на геном и чуваме библиотека со сите варијанти за да бидеме подготвени да можеме да одговориме на секој предизвик со вирусот и да се произведе наредната вакцина за да можеме секогаш да го заштитиме Обединетото Кралство и, секако, остатокот од светот, истакна тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот