Британски маратонец трчал со фрижидер на грб: Полицијата мислела дека е крадец

Фото: Instagram / c00lrunnins

Британански маратонец тренирал за Лондонскиот маратон на многу необичен начин – трчал носејќи фрижидер на својот грб. Поради ова, тој бил запрен од локалната полиција во градот Стивениџ, Велика Британија, пишува „Би-би-си“.

Даниел Фербрадер вели дека за време на трчањето предизвикал различни реакции кај минувачите, па дури и кај полицијата која мислела дека е крадец.

Тренирајќи за неговиот обид да постави нов светски рекорд за „најбрзо истрчан маратон со бела техника“, тој бил запрен од збунетите полицајци во Стивениџ.

Фербрејдер вели дека при неговото второ трчање со фрижидерот на грб, забележал полициско возило како се движи зад него, па морал да застане. Признава дека бил малку засрамен, но не и изнервиран.

„Би очекувал полицијата да си ја заврши работата и да спречи некој да трча со фрижидер. Да ме застанат 10 пати нема да се изнервирам“, изјави маратонецот.

Тој изјавил и дека полицијата брзо сфатила дека не се работи за крадец, туку за интересен подвиг на младиот маратонеџ, па ситуацијата завршила со пријателско ракување.

Инаку, целта на Даниел е да собере пари за добротворна организација за дијабетес.

„Тоа е поддршка за мојот најдобар пријател Сем, кој има дијабетес тип 1. Се обидов да преземам предизвик минатата година, кој не одеше според планираното и ветив дека ќе се вратам поголем и посилен“, додал тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот