Британската морнарица заплени дрога вредна 15 милиони фунти во Арапското Море

Британска морнарица/ Фото EPA-EFE/MADE NAGI

Брод на британската кралска морнарица заплени дрога во вредност од над 15 милиони фунти од брод во Арапското Море.

Стотици килограми кристален метамфетамин биле извлечени од бродот од страна на екипажот на британската фрегата „ХМС Монтроус“ во шестчасовна операција. Командантот на ХМС „Монтроуз“, Клер Томпсон, рече дека заплената е голем удар за криминалните банди и терористите кои користат дрога за да ги финансираат своите активности.

– Нарушувањето на терористичките организации, криминалците и нивните финансиски линии е клучно за зачувување на безбедноста на Велика Британија и остатокот од светот – рече таа.

Портпаролот на морнарицата рече дека „ХМС Монтроуз“ испратил хеликоптер за да ги следи движењата на сомнителниот брод пред специјалните сили на морнарицата да ја преземат контролата врз него.

Во првичната потрага е пронајдено големо количество дрога, а тимот од морнари и маринци потоа пронашол скриен оддел зад лажна преграда на малиот брод. Вкупно, на бродот имало 870 килограми кристален метамфетамин, за кој Националната агенција за криминал соопшти дека има пазарна вредност од 15,5 милиони фунти.

„ХМС Монтроуз“ со седиште во Девонпорт, Плимут, е распореден на Блискиот Исток од 2019 година. Бродот досега оваа година заплени дрога во вредност од 47 милиони фунти и две илегални пратки со оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот