Британската армија повеќе не е супериорна борбена сила, му рекол американски генерал на министерот Валас

Висок американски генерал во приватен разговор му рекол на британскиот министер за одбрана Бен Валас дека САД повеќе не ја сметаат британската армија за супериорна борбена сила, пишува британски Скај њуз повикувајќи се на извори од одбранбениот сектор.
Истите извори тврдат дека падот на борбените способности на британската армија, кој уследи по децениски кратења за заштеда на пари, мора да биде вратен што е можно поскоро поради руската инвазија на Украина.
„Заклучокот е дека британската војска не е способна да го заштити островот и нашите сојузници во следните десет години“, рече еден од изворите.
Извори од министерството на одбрана тврдат дека британскиот министер Риши Сунак ризикува да „пропадне“ во улогата на „воен премиер“ доколку не преземе итни мерки за да се справи со растечката безбедносна закана што ја претставува Русија.
„Останува да видиме дали оваа влада смета дека нејзина примарна должност е да ја брани државата“
Тие итни чекори треба да вклучуваат зголемување на буџетот за одбрана за најмалку три милијарди фунти годишно и запирање на планот за дополнително намалување на бројот на воениот персонал и олеснување на правилата за набавки, што ќе и овозможи на Британија да започне забрзана набавка на оружје и муниција, изјавија изворите.
„Историјата ќе ги гледа како фундаментални одлуките што ги донесе воениот премиер во наредните недели, со кои ќе се види дали оваа влада искрено верува дека нејзина примарна должност е да ја брани земјата или тоа е само парола што ја повторуваат за заради редот“, додаде изворот.