Британска влада најави околу 30 милиони дози вакцини до средината на септември

Во првата фаза од тестирањето ќе бидат опфатени доброволци кои претходната недела ја примиле првата доза од потенцијалното решение на проблемот кој го создава корона вирусот.

Триесет милиони вакцини би можело да бидат достапни до редината на септември доколку вакцината произведена на Универзитетот Оксфорд се покаже како добра, објавува британската влада.

Тим научници развиваат вакцина против Ковид – 19 а која се темели на генетска манипулација на обичниот вирус од настинка од кој најчесто погодени се шимпанзата. Во неделата беше одржана конференција за медиуми на која британскиот министер за меѓународен развој, Алок Шарм изјави дека првите тестирања на вакцината поминале многу добро.

Всушност, во првата фаза од тестирањето ќе бидат опфатени доброволци кои претходната недела ја примиле првата доза од потенцијалното решение на проблемот кој го создава корона вирусот, пишува „Скај Њуз“.

Вакцината има официјална ознака како „ChAdOx1 nCoV-19“, а тестирањата започнале на 24. април.Сега се настојува да се докаже дали истата може да делува и кај луѓето во борбата против корона вирусот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот