Британска научничка: Мора да се помириме со потребата за редовно вакцинирање против ковид-19

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Редовното вакцинирање против ковид-19 ќе биде неопходно во иднина поради новите мутации на вирусот што го прават позаразен и поспособен за заобиколување на човечкиот имунитет, нагласи раководителката на британскиот Институт кој работи на секвенционирање на геном на болеста.

Од појава во Кина кон крајот на 2019 година, коронавирусот до денеска однесе 2,65 милиони човечки животи ширум светот. Вирусот мутира секои две недели, побавно од сезонски грип или ХИВ, но, сепак, доволно за потребата од модификации на вакцините.

Шерон Пикок, раководителка на британскиот Институт за геномика на коронавирусот КОГ-УК, кој ги секвенционира пола од сите геноми во светот, ја нагласи потребата од потесна меѓународна соработка поради играта на „мачка и глушец“ со вирусот.

– Мора да прифатиме дека секогаш ќе ни биде потребно вакцинирање. Имунитетот против коронавирусот не трае вечно, порача Пикок од својот кампус пред Кембриџ, пренесува индекс.хр.

Потребно е редовно вакцинирање како против сезонскиот грип

– Веќе ги менуваме вакцините за ковид-19 за да се носиме со неговата еволуција. Се јавуваат варијанти на комбинации со поголема заразност и способност за заобиколување на одговорот на нашиот имунитет, додава Пикок.

Таа е убедена дека редовно вакцинирање, како против грип, ќе биде неопходно поради идните мутации, но нагласи оти напредокот во производството на вакцини овозможува тоа да се развива на време.

Институтот што го формира и го води таа, стана најголема светска мрежа на знаење и податоци за вирусот. На локации ширум Велика Британија се секвенцирани 346.000 геноми на вирусот, додека таа бројка во светот изнесува 790.000.

На Институт работат стотина научници од кои многумина на волонтерска основа. Процесуирани се околу 19 милиони примероци на ПЦР тестови, а обемот на секвенции на геноми се 30.000 неделно што е повеќе од вкупната бројка што се правеше во Обединетото Кралство на годишно ниво.

Три варијанти

Посебно внимание привлекуваат три варијанти на вирусот – Б.1.1.7 идентификувана во Велика Британија, бразилската П1 и јужноафриканската Б.1.351.

Пикок е најзагризена за јужноафриканската варијанта, бидејќи е „позаразна“, но има промена и на мутации на генот што се нарекува Е484К што е поврзана со намален имунитет.

Во светот во моментот има над 120 милиони на активни случаи што го отежнуваат следењето на коронавирусот, па Пикок и нејзиниот тим говорат за „констелација на мутации“.

– Една од работите на кои ме научи вирусот е дека секој можам да бидам во грешка. Мора да бидам скромна во поглед на вирусот за кој сè уште малку знаеме, потенцира таа и додава дека можеби постои варијатна што сè уште не е откриена.

Пикок не се сомнева дека пандемии ќе има и во иднина.

– Мислам дека е неизбежна појавата на некој друг вирус со кој ќе се занимаваме. Се надевам дека од оваа глобална пандемија ќе научиме нешто и дека ќе бидеме подготвени да го детектираме и запреме, заклучи Пикок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот