Британија: Продаден е најстариот неделен весник во светот, и покрај протестите на новинарите
Сопственикот на британскиот весник „Гардијан“ денеска потврди дека го продал најстариот неделен весник во светот, „Обзервер“, на „Тортоиз медиа“. Компанијата „Скот Траст“, во чија сопственост е медиумската групација „Гардијан“, соопшти дека купувачот ќе го преземе „Обзервер“ преку комбинирана исплата во готовина и акции.
Препорачано
„Обзервер“ е основан во 1791 година и стана дел од медиумската групација на „Гардијан“ во 1993 година, потсетува „Индепендент“.
Компанијата „Тортоиз медиа“ е основана во 2019 година од страна на Џејмс Хардинг, поранешен уредник на лондонски „Тајмс“ и директор на вести во јавниот сервис „Би-би-си“, заедно со поранешниот американски амбасадор во Лондон, Метју Барзун.
Согласно договорот, „Тортоиз“ склучува петгодишен комерцијален договор со „Гардијан“ според кој ќе плаќа за услуги за печатење и дистрибуција, како и за маркетинг услуги. Главен уредник ќе биде Хардинг, а за уредничка на печатеното издание е именувана Луси Рок.
На продажбата на „Обзервер“ жестоко се спротивставија новинарите од медиумската групација „Гардијан“, што кулминираше со дводневен штрајк на почетокот на овој месец.


