Британија го следи движењето на мигрантите со нараквици со баркод

ФОТО: МИА

Велика Британија им става нараквици со баркод на мигрантите кои пристигнуваат во земјата со брод преку Ла Манш за да можат да ги следат нивните движења.

Министерството за внатрешни работи почна да ја спроведува оваа практика минатата година и има договори во вредност од 1,6 милиони фунти со малку познатата британска технолошка компанија „The Barcode Warehouse“ за „да го реши прашањето за следење на мигрантите и нивниот имот во прифатните центри“.

Компанијата обезбедува нараквици и „соодветна опрема за скенирање, како и софтвер за следење на имотот“, се вели на веб-страницата на Владата.

Британски функционер рече дека системот е поставен за да можат да го следат бројот и каде се наоѓаат мигрантите во прифатните центри во Менстон и Вестерн Џетфоил во Кент.

Менстон е озлогласен прифатен центар бидејќи имаше извештаи дека има повеќе луѓе отколку што може да собере и дека условите во кампот се многу лоши.

Воведувањето на нараквиците беше обид да се решат некои од проблемите со собирањето податоци во прифатните центри.

Овој пристап беше критикуван од многумина дека луѓето ги третира како предмети, а не како личности со име и презиме.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека продолжува да ги подобрува објектите за краткотрајно задржување на мигранти и дека „нараквицата за мигрантите кои го преминуваат Каналот со мали чамци може да помогнат во подобрувањето на следењето на пристигнувањата додека се во прифатните центри“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот