Протест и блокада на камионџиите од Западен Балкан / Фото: EPA/Edvard Molnar HUNGARY OUT

Брисел вели дека ги разбира шоферите од Западен Балкан, но прописот е пропис и исклучоци нема

Портпаролот на Европската комисија денеска изјави дека ЕК е свесна за проблемите на возачите на камиони од Западен Балкан кои настанаа со примената на Системот за влез и излез (ЕЕС) во шенген-зоната, но и дека засега ги советува „да ги користат постојните законски механизми“. Нов состанок на работната група за ова прашање ќе се одржи следната недела, пренесе „Н1“.

Гијом Мерсие, портпаролот на ЕК, изјави дека на првиот состанок на работната група, кој се одржа на 3 февруари, биле разјаснети шенгенските правила и биле разгледани опциите за нивна примена во контекст на воведувањето на новиот пропис.

„Ги охрабруваме партнерите од Западен Балкан да ги користат можностите за долгорочни визи и дозволи за престој, како и флексибилностите предвидени во шенгенските правила, особено во однос на правилата за прекуграничните работници“, рече Мерсие.

Според него, ова вклучува и соработка со соседните земји кои се членки на шенген-зоната, како Бугарија, Грција и Хрватска. Мерсие го најави следниот состанок на работната група за 23 февруари.

Новиот систем за влез и излез од ЕУ ги засега возачите од земји кои не се членки на ЕУ, бидејќи многу построго од досега го ограничува нивниот престој – тие сега смеат да останат во шенген-зоната вкупно 90 дена во период од 180 дена. Голем дел од возачите овој лимит го достигнуваат многу брзо, а доколку Поради природата на нивната работа, професионалните возачи многу брзо го достигнуваат овој лимит, а доколку го надминат, се соочуваат со парични казни, депортација и забрана за влез во шенген-зоната.

Транспортерите од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија веќе ги блокираа товарните премини на крајот на јануари поради овие правила, а блокадите беа укинати откако Европската комисија објави дека ќе разгледа посебни визи за професионалните возачи.

Претставниците на транспортниот сектор алармираа дека без конкретно решение и посебен статус, односно исклучок за возачите на камиони од Западен Балкан, во опасност да пропаднат се голем број компании во регионот.

Европска комисија: Потребно е системско решение на ниво на ЕУ за проблемот со возачите на камиони

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот