Брисел наводно одбил да ја прими Теута Арифи за македонска амбасадорка во ЕУ

Теута Арифи во утрински брифинг / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Поранешната вицепремиерка, пратеничка и градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, не добила зелено светло од Брисел за позицијата македонски амбасадор во Европската унија, на која ја предложила Владата, објави МКД.мк, повикувајќи се на дипломатски извори.

Во март, медиумите пишуваа дека Арифи била предложена за амбасадорка во Вашингтон, од каде исто така не добила агреман.

Од МНР за „Слободен печат“ велат дека не можат да ја потврдат информацијата за наводното одбивање од Брисел, бидејќи за ваквите прашања се расправало на затворена владина седница, од која со закон е забрането да се изнесуваат информации.

Арифи, која е потпретседателка на ДУИ и своевремено беше вицепремиерка за европски прашања во Владата на Никола Груевски, минатата есен, по два мандати како градоначалничка на Тетово, ја загуби функцијата откако доживеа убедлив пораз од противкандидатот Биљал Касами од Беса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот