„Брилијант“: Трчаме насекаде за да најдеме суровина за масло за јадење

Масло на рафт во маркети / ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Србија нема да ни извезе сурово сончогледово масло од кое, по преработка, се добива масло за јадење, потврди за „Слободен печат“, Симон Наумовски, директор на фабриката „Витаминка“ во чија сопственост е и фабриката за масло за јадење „Брилијант“. Суровото масло за јадење не се споменува ни во Закучокот што го објави Владата на Србија, а според кој се одобрува извоз во Македонија на меркантилна пченица и на меркантилна пченкa.

Наумовски вели дека буквално се растрчани насекаде, затоа што се загрижени за тоа како ќе го продолжат производниот процес.

– Искрено кажано во паника сме. Нашиот добавувач од Војводина ни кажа дека не може да ни испорача сурово маслозатоа што српската Влада не донела одука за укинување на забраната за извоз. Од утрово насекаде вртиме телефони. Преговараме со трговци од Украина, Унгарија и Бугарија. Нас ни требат 2000 тони месечно сурово масло – вели Наумовски.

Во однос на цените, тој потенцира дека тоа е берзански производ на кој никако не може ценовно да се влијае.

„Брилијант“ е најголем производител на сончогледово масло во државава, и како што вели Наумовски, станува збор за најсовремен начин на производство со капацитет кој е два и пол пати поголем во однос на потребите на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот