Бриџит Џонс се враќа на големото платно: Наскоро почнува снимањето на четвртиот дел од филмскиот серијал

Хју Грант, Рене Зелвегер и Колин Фирт / Фото: EPA

Обожавателите на култниот книжевен лик Бриџит Џонс наскоро ќе добијат филмска адаптација на книгата „Бриџит Џонс: луда по него“ („Bridget Jones: Mad About The Boy“), односно ново и четврто продолжение во филмскиот серијал.

Како што пишува британскиот „Сан“, снимањето на оваа романтична комедија ќе започне во мај, а локацијата на снимањето ќе биде Лондон, Велика Британија.

Приказната за Бриџит Џонс последен пат беше прикажана на големото платно пред шест години, кога таа дозна дека е бремена и се обиде да открие кој е таткото. Новиот филм ќе се фокусира на приказната за Бриџит Џонс во улога на мајка.

Рене Зелвегер на премиерата на филмот „Бебето на Бриџит Џонс“ во Лондон / 5 септември 2016 / Фото: EPA/WILL OLIVER

На крајот на последниот филм, Бриџит Џонс одлучи да се омажи за Марк Дарси (Колин Фирт). Но, оние кои ја прочитале книгата „Бриџит Џонс: луда по него“ на авторката Хелен Филдинг знаат дека ликот Марк Дарси ќе загине во Судан, а Бриџит Џонс, како самохрана мајка, ќе се обиде да најде рамнотежа помеѓу воспитувањето момче и користењето апликации за запознавање.

Не е познато дали заплетот на филмот ќе биде близок до заплетот на книгата, но со оглед на премисата дека сите филмови на Бриџит Џонс се за нејзиното искуство како сингл жена, се чини веројатно дека ликот на Колин Фирт ќе биде убиен.

Според „Сан“, актерката Рене Зелвегер, која го глуми главниот лик, веќе е во потрага по стан во Лондон, кој ќе го користи додека ќе се снима филмот. Исто така, и Колин Фирт и Хју Грант ќе ги репризираат своите улоги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот