Брера немоќна во Кратово, Силекс со четири гола до три бода
Силекс одигра одличен натпревар и со убедливи 4:0 ја совлада Брера на отворањето на 28. коло од Прва македонска фудбалска лига.
Препорачано
Кратовци од самиот старт покажаа поголема енергија и иницијатива, а резултатот го отворија уште 19. минута, кога Едис Бутуровиќ најдобро се снајде во мешаницата пред голот на гостите и ја затресе мрежата.
Гостите од Струмица не успеаја да се вратат во игра по паузата, што домаќините максимално го искористија. Само што почна второто полувреме, Додев во 48. минута зголеми на 2:0, а десетина минути подоцна Алиќ погоди и за убедливи 3:0. Точката на натпреварот ја стави Пиреш со голот во 69. минута, за конечни 4:0.
За Брера ова беше прв пораз по серијата од четири натпревари без неуспех, додека избраниците на Александар Васоски со новите три бода стигнаа до бројката од 52 и сериозно се доближуваат до Струга на третата позиција на табелата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
7час
-
9час
-
10час
-
10час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


