Брена и Боба уживаа во вечерата, а потоа се појави непоканет гостин (ВИДЕО)

инстаграм

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена едвај дочека Србија да ги отвори границите, со цел со својот сопруг Слободан Боба Живоиновиќ да отпатува на одмор.

Брена преку социјалните мрежи редовно ги известува своите фанови и следбеници како си поминува во Монако, а вчера изненади и со ново видео.

Додета тие ручале им дошол непоканет гостин, односно птица која слетала на нивната тераса.
Станува збор за галеб, а на пејачката целата ситуација и била толку смешна што не одолеала да и пријде на птицата што е можно поблиску и да ја сними.

– Ни пристигна гостин на вечера, напиша Брена со емотикони кои плачат од смеење.

Да се потсетиме, пејачката и поранешниот тенисер одлучија да отпатуваат на одмор и тоа со приватен авион, а во текот на летот уживаа во скапоцено и квалитетно француско вино. Тие двајца прво слетаа до Ница, за подоцна да продолжат до Монако.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот